Најверниот навивач на Партизан со песна испратен во вечното почивалиште (ВИДЕО)

Миша Тумбас, кој важеше за вистинска маскота на спортското друштво Партизан пред неколку дена почина во својот дом. Можеби најверниот навивач на белградските „црно-бели“ денеска беше погребан во Белград. 

Тој беше присутен на речиси сите натпревари на овој клуб без разлика дали се работи за фудбал, кошарка или ватерполо. Навивачите на Партизан денеска му укажаа чест и со песна го испратија во неговиот вечен дом.