Најскапиот дрес во историјата на аукција продаден за 5,4 милиони долари

Неименуван колекционер од Њујорк го купил дресот на легендарниот бејзбол играч Бејб Рут на Њујорк Јенкис, кој го носел од 1928 до 1930 година за неверојатни 5,4 милиони долари, со што ова е најскапиот дрес во историјата.

Дресот на Рут бил ставен на аукција и сега го урна рекордот за цел милион долари, зашто и претходниот рекорд го држеше бејзбол легендата, продаден во 2012 година за 4,4 милиони долари.

Рут играше за Бостон Ред Сокс од 1914 до 1919 година, а потоа најголемата слава ја достигна во дресот на Јенкис од 1920 до 1934 година. Според многумина тој е најдобриот бејзбол играч на сите времиња, а и по 80 години многу негови рекорди не се соборени.