Најхрабриот тим во светот: Го предизвика Лионел Меси да им даде гол (ФОТО)

Лионел Меси е можеби најдобриот фудбалер на сите времиња, но Реал Мурсија очигледно не го знае тоа. Овој шпански второлигаш се пофали на „Твитер“ дека фудбалерот на Барселона нема дадено гол против нив.

Барселона во вторник ќе и гостува на Мурсија во рамки на „Копа дел реј“, па веројатно за да направат поголема фама кај навивачите се обидоа да го испровоцираат Меси преку „Твитер“.

За нивна среќа Аргентинецот веројатно нема ни да настапи на овој натпревар од шеснаестинафиналето во шпанскиот Куп, но ако влезат во првата лига на Шпанија, тогаш сигурно ќе се сретнат со Лионел Меси.