Глупост на Мундијалот: Отпатувале во погрешен град оддалечен 1.000 километри од нивната дестинација!?

Група на навивачи на Швајцарија, кои деновиве се наоѓаат во Русија на Светско првенство, ги исмејуваат поради нивната лоша организираност.

Навивачите тргнале да го гледаат првиот меч на нивната репрезентација против Бразил и притоа направиле голема грешка. Наместо да одат во Ростов на Дон, тие заминале во Ростов Велики и откако не успеале да го најдат хотелот, се јавиле за помош кај оператор за вондредни ситуации, а тој не можел да им помогне.

„Вие сте во Ростов, но во Ростов Велики. Вашата репрезентација не игра во овој град, туку во Ростов на Дон. Тоа е 1.000 километри јужно од тука“, им кажал операторот.