Најдоброто на тифо-сцената за 2023: Мароканците повторно воодушевија (ВИДЕО)

Навивачките групи низ светот постојано воодушевуваат со нивното навивање и прекрасните кореографии, а на крајот на секоја година „Ултрас ворлд“ ги објавува најдобрите навивачите.

„Ултрас Ворлд“ повторно направи видео за најдобрите навивачки групи во 2023 година, а повторно на врвот, како и минатата година, се наоѓаат Мароканците.

Ултрасите на Видад Казабаланка повторно оставија без здив со нивното навивање, а во топ-10 се и Базел, Хамарби, Динамо Дрезден, Црвена Звезда, Славија Прага, Раја Казабланка, Рапид Виена, Олимпик Марсеј и Легија Варшава.