Најавуваа нова европска сила, а на крајот видовме само „прав и пепел“

Италијанскиот фудбалски гигант Милан најавуваше подобри денови и блескава иднина откако во минатото лето вложија 220 милиони евра во комплетно нов состав, но ветувањата од првиот ден полека се претворија во големо разочарување.

Во почетокот на летото, скоро 60.000 луѓе се појавија на „Сан Сиро“ да го погледнат новиот и подобрен Милан во квалификациите за Лига Европа. Ентузијазмот полека, но сигурно се гасеше како што се влошуваа резултатите.

Монтела на некој начин може да се нарече несреќник. Во текот на претходниот „режим“ Италијанецот состави тим без никаква финансиска поддршка. Со шансата која им ја даде на талентираните деца од Примавера Милан, клубот доби нов идентитет, а пласманот во Лига Европа се сметаше за успех.

Оваа сезона Милан потроши повеќе од 220 милиони евра на тимот. Монтела не можеше да ги одбере идеалните 11, ниту конечната формација, па поради тоа беше заменет од Гатузо. Љубителот на навивачите стигна до репутација на „борец“, а не на тактички гениј, но во продолжението на сезоната мора да се докажува дека влегувањето во тренерските води не е негово најголемо лично промашување.

Во целиот немир, тешко е да се најде некој на кој може да смета, некој кој покажа карактер и го влече тимот напред. Можеби треба да се одвои Патрик Кутроне, тинејџерот кој релативно брзо се проби во првиот тим и стана омилен на навивачите.

Младиот талент ги освои срцата на многумина, а за Андре Силва навивачите имаат поделено мислење. Изгледаше како играч кој дефинитивно го сакаат во тимот, благодарение на настапите во Лига Европа(десет голови во десет натпревари), но сеуште не може да се разигра во Серија А. Се надеваа дека ќе ја повтори формата од Порто, каде што успеа да постигне 20 голови во лигата и Лигата на шампиони, но во моментов самодовербата му е ниска, а сигурно не му помага ниту појавувањето на Кутроне.

Можеби нема многу работи кои навивачите ќе ги паметат од минатата година, но имаа некои моменти на еуфорија, а еден од нив стигна благодарение на Кутроне. Милан играше против Интер во купот на Италија, а Гатузо истата средба ја спореди со финалето на Светското првенство(СП). Во тој момент „Росонерите“ изгубија три од нивните пет последни натпревари и беше неверојатни осум места под Интер на табелата. Дури и во текот на загревањето имаше проблеми затоа што Сторари се повреди, а го замени Антонио Донарума. На натпреварот на кој имаше се(освен голови), Кутроне стана херој и постигна гол во продолженијата за победа од 1-0 и пласман во полуфинале.

Немаше многу блескави моменти во првиот дел од сезоната, но катастрофа не недостигаше. Една се случи против Беневенто, тим кој во тој момент немаше освоено ниту еден бод. Тоа беше прв натпревар на Гатузо во Серија А и очајно му требаше победа. Со 2-1 се влезе во продолженијата од регуларните 90 минути, а по еден прекин голманот на Беневенто, Алберто Брињоли го шокираше целиот стадион.

Милан ќе се обиде да избегне слична ситуација во вториот дел од сезоната, а имаат причини да бидат позитивни. Ако Гатузо успее да постави добра формација, би можел на „Росонерите“ да им ја донесе потребната стабилност. Покрај тоа, потребно е напаѓачите конечно да се разиграат и да почнат да постигнуваат голови.

„Росонерите“ и понатаму се во игра за трофејот во купот на Италија и Лига Европа, а еден од тие два трофеи би можел да спаси дел од оваа тешка сезона.