На Плејстејшн секогаш го бирал Марио Гомез, а денес играат заедно!

Интересните фудбалски приказни не се реткост, но оваа е навистина посебна.

Главниот актер е Николас Гонзалез, фудбалерот кој летово се пресели од Аргентинос јуниорс во Штутгарт.

Талентираниот напаѓач е роден во 1998 година и сезонава дебитираше за својот нов тим во Буденслигата, а во своето прво интервју за „Билд“ откри дека посебно е импресиониран од еден соиграч и тоа е Марио Гомез.

„Марио и јас сѐ уште се запознаваме. Ми раскажува многу за фудбалот, тоа е кул. Обично бев Гомез кога играв Плејстејшн, а сега сме соиграчи. Се чувствувам многу добро. Имам часови по германски јазик двапати неделно и се обидувам што побрзо да научам“, раскажува Гонзалез.