На навивачите им вели „седете дома“, а тој правел журка со проститутки (ФОТО)

Кајл Вокер е најскапиот десен бек на светот, но истовремено е еден од најнепримерните фудбалери. Пред неколку години го следеше скандал за неморален живот, а сега направи уште поголема глупост.

Вокер во средата објави видео на својот профил на Твитер, обраќајќи им се на фановите на Манчстер сити да останат дома, да практикуваат социјално дистанцирање, да избегнуваат контакти и така да се штитат и себеси и останатите од коронавирусот. Арно ама, кој да знаел дека само неколку саати пред тоа, истата вечер кај него во станот се случувала оргија.

Медиумите во Англија дошле до една од проститутките кои таа вечер биле најмени да дојдат во домот на Вокер, а тој и еден свој пријател биле консументи на нивните услуги. Девојката има 21 година, се вика Луис Мекнамара и детално раскажа како  и што се случило.

„Работам во агенција во Манчестер. Шефот ме повика и ми соопшти дека клиент од висок профил бара друштво. Отидов на адресата, а таму имаше уште една девојка. Нè пречека пријателот на сопственикот на станот, а него веднаш го познав. Имам и некои фотографии“, раскажала Мекнамара.

Девојката која била претходно таму била Бразилка и сите четворица се забавувале четири часа. Утрото потоа, Вокер се обрати на нацијата апелирајќи да седи дома и со тоа го направи целиот скандал уште посрамен.

Откако синоќа и денеска одекна оваа вест во медиумите, тој јавно се извини.

„Сакам да се извинам за она што го направив. Знам дека мојата позиција на професионален фудбалер носи голема одговорност. Се извинувам на моето семејство, на пријателтите, на клубот и на јавноста што ги изневерив. Постојат херои кои прават разлика во општеството во моментов. Ја поддржувам нивната жртва и работењето со кое спасуваат животи. Моите постапки беа спротивни од она што требаше да го направам“, рече Вокер.

Несомнено дека овој негов потег ќе предизвика „дебела“ казна од Манчестер сити, но казната од општеството е поголема од сè.