Му ги понудија Меси, Пике, Бускец за да го посетат, ама си го избра – идолот од Партизан!?

Четиригодишното дете од Србија, Душан Тодоровиќ, кој ја крена цела Србија на нозе за да собере финансиска помош за да може да се лекува од тумор на жлезди во Барселона, ги оставил во неверување лекарите во клиниката во Каталонија откако одбил да му дојдат во посета големите ѕвезди на каталонската гордост, Лионел Меси и Жерар Пике.

Србија експресно собра пари за да му обезбеди лечење на Душан, кој е навивач на Партизан, откако било обелоденето дека поради повторно враќање на малигниот тумор (неуробласт), мора да има итна операција за да се спаси неговиот живот. И во акцијата се вклучија сите граѓани, спортисти, дури и навивачи ги продаваа билетите за историската сеозна од ЛШ за да му помогнат на четиригодишното дете. И на крајот успеаа, гобраа пари, а пред два дена Душан замина во Каталонија на лекување.

Клиниката во која се наоѓа Душан е многу близу во „Камп Ноу“, фудбалскиот храм во Барселона и многу често на оваа клиника доаѓаат големите фудбалски ѕвезди, за да посетат деца кои имаат тешки болести за да им дадат мало внимание кое ќе ги направи посилни во битката за животот.

И лекарите го прашале Душан дали сака да викнат некоја ѕвезда да му дојде во посета.

Тргнале со најголемото фудбалско име, ама одговорите на Душан ги шокирале.

„Сакаш ли Меси да те посети?“, го прашале.

„Не го сакам него“, им одговорил Душан.

„Сакаш ли Пике да дојде“, повторно го прашале.

„Не“, кратко одговорил

„А, Бускец?“, повторно го прашале лекарите

„Не сакам“, одговорил

Лекарката изненадена од одбивањето да дојде каталонска ѕвезда кај него на посета, го замолила неговиот татко да го прша, кој сака да му дојде во посета.

И кога таткото го прашал Душан, која е неговата желба – одговорот бил епски.

„Мојот Немања!“

Станува збор за Немања Милетиќ, дефанзивецот на белградски Партизан , кој е омилен фудбалер на малиот Душан. Кога го чуле одготовот, каталонските лекари останале со подзинати усти. Не можеле да веруваат дека четиригодишното дете од Србија не го интересираат Меси и другарите, туку фудбалер на црно-белите, кого во Европа никој не го знае.