Можете да ја скршите статуата на Меси, но топката не му ја земате (ФОТО)

Статуата на Лионел Меси викендов беше вандализирана, односно искршена во Буенос Аирес, Аргентина. Ова е втор ваков случај со тоа што сега споменикот беше комплетно скршен.

Како и да е, можеби статуата е скршена, но топката и натаму му е залепена за нога. Како во вистинскиот живот, топката не се одлепува од него.