Морничави сцени во Торино: Навивачите на Јуве го „погребаа“ Инсиње! (ФОТО+ВИДЕО)

Наполи сезонава остана без титула, која седми пат по ред ја освои Јувентус, а екипата од Неапол може да жали за пропуштената шанса.

На мета на критики се најде фудбалерот на Јувентус, Даглас Коста, кој на својот Инстаграм профил објави видео на кое се гледа како навивачите на „старата дама“ држат ковчег во боите на Наполи со крст и името на играчот на Наполи, Лоренцо Инсиње.

„Згрозени сме од срамните и навредливите пораки на некои играчи на Јувентус, кои ги навредуваат граѓаните на Неапол и луѓето како што е Лоренцо Инсиње“, соопштија од Наполи.