Млади фудбалери се истепаа на натпревар во Русија (ВИДЕО)

Во последниот натпревар од првенството во Санкт Петербург за фудбалери до 17 години помеѓу академиите на Зенит и екипата на СШОР Зенит (2-1) се случи масовна тепачка.

Хаосот на теренот траеше речиси една минута, а тепачката успеаа да ја запрат тренерите и членовите на стручниот штаб на двата клуба.