Милер со кунг-фу удар нокаутира фудбалер на Ајакс (ВИДЕО)

Баерн Минхен вечерва игра против Ајакс во мечот од шестото коло во групната фаза од Лигата на шампиони, а во финишот од дуелот Томас Милер заработи исклучување.

Германскиот фудбалер во 75. минута направи еден неверојатен прекршок, откако со кунг-фу удар нокаутираше противнички фудбалер, па судијата немаше друг избор освен да го испрати под туш.