Михајловиќ поддржа италијански политичар, па доби морбидни пораки!

Српската легенда Синиша Михајловиќ од летоска води животна битка со тешката болест леукемија, па првата главна етапа добро ја мина на лекувањето во клиника во Болоња. Михајловиќ откако откри дека има тешка болест, буквално ја обедини Италија, па каде и да се појавеше добиваше пораки за поддршка.

Сега откако прави пауза во лекувањето доби морбидни пораки од противници на еден од најпопуларните политичари на апенините, Матео Салвини, лидерот на десничарската Лига, откако Србинот му изрази поддршка за да победи во регионот „Емилија Ромања“ во која се наоѓа и Болоња.

„Го има мојот глас и се надевам ќе победи. Пред неколку дена се видовме, одамна се познаваме, пријатели сме уште од Милано и ми се допаѓа неговата одлучност, борба, сила... Матео е човек од збор, што ќе вети – тоа ќе го оствари. Јас во Италија сум од 1992 година и сè полошо е, така да промените се добра работа“, рекол Михајловиќ.

И после ваквите зборови за поддршка, следеле бурни реакции од спротивниот табор, па негодувањата се претвориле и во морбидни пораки.

„Националисто, си го заслужуваш ракот“, биле најчестите коментари на противниците на Салвини.

За противниците на Салвини не било изненадување што добил поддршка од Михајловиќ, зашто тој бил приврзан за Слободан Милошевиќ и воениот злосторник Жељко Ражнатовиќ – Аркан.

После гнасните пораки, првиот ловек на регионот Лигурија, Џовани Тпти застанал во одбрана на Србинот.

„Срамота е како го напаѓаат, со какви морбидни пораки и само затоа што го поддржал Салвини. Кој болен ум може да напише за човек кој се бори со леукемијата дека 'го заслужил ракот'. Јас имам порака за Синиша – продолжи да се бориш, добрите Италијанци се со тебе, бз оглед кого поддржуваш“, рекол Тоти.