Меси „најгласен“ на цел стадион: Браво Нигерија! (ФОТО)

Нигерија го совлада Исланд и се стави во одлична позиција пред последното коло во групната фаза каде ќе ѝ одговара сѐ освен пораз, но со вечерашниот триумф ја врати Аргентина во живот. Гаучосите играат очајно, имаат реми и пораз, а уште послабо игра Лионел Меси кој промаши и пенал во првото коло. Како и да е, победа против Нигерија и пораз на Исланд од Хрватска ја носи Аргентина во осмина финале, па затоа дежурните твитерџии го направија Меси како „најгласен“ навивач меѓу сите навивачи на Нигерија.