Мексикански боксер го одрале крадци – му украле 750.000 долари во Лос Анџелес!

Мексиканската боксерска ѕвезда Хулио Цесар Чавез јуниор, син на многу попрославениот боксер Хулио Чавез останал без неверојатни 750 илјади долари, откако крадци влегле во неговиот дом и добро се офајдиле со пленот што го нашле.

Како што изјавил Чавез за полицијата после увидот откако видел дека некој провалил во неговата куќа во Лос Анџелес, крадците влегле од прозорецот во купатилото пред една недела, додека тој бил надвор од градот.

Според американските медиуми, крадците земале накит и скапоцености од сефот на Чавез во вредност од 750.000 евра.

Хулио е оженет со Фрида Чавез со која чека второ дете, а инаку таа е бивша сопруга на Едгар Гузман Лопез, синот на еден од најголемите и најозолгласени наркодилери, Хоакин Гузман, познат како „Ел Чапо“, водач на картелот Синалоа во Мексико.

Едгар загина пред 12 години откако ривалска банда го изрешета пред еден супермаркет, а Фрида потоа се премажи со боксерот. Чавез јуниор беше шампион во средна категорија според ВБЦ од 2011 до 2012 година.