
Мекгрегор си седна до Роналдо и веднаш почна да го - „дави“ (ВИДЕО)
Кристијано Роналдо и Конор Мекгрегор беа сместени на најдобрите места и тоа еден крај друг, па снимката на која се гледа во каков однос се фудбалерот и ММА борецот веднаш стана вирална! Додека Португалецот прв седна на своето место, Ирецот му пријде и веднаш почна да го „дави“ фудбалерот, разговарајќи со друго лице кое седеше до ѕвездата на Ал Наср. Зборуваа за рускиот боксер Димитри Бивол, а потценување е да се каже дека Роналдо воопшто не беше заинтересиран за оваа приказна.
Тој се обиде да го игнорира Мекгрегор, но Ирецот му „зборуваше на уво“ и беше агресивен како и обично, па на навивачите не им требаше многу време да забележат колку му е непријатно на португалскиот репрезентативец. Некои се пошегуваа дека ќе му беше поудобно дури и да седеше покрај својот „главен непријател“, Лионел Меси, бидејќи се чинеше дека има нешто против Ирецот. Иако е голем љубител на ММА, се чини дека Роналдо сепак го преферира Хабиб Нурмагомедов и затоа можеби нема да го „намириса“ Конор.