Флојд Мејведер неодамна стана побогат за 300 милиони долари по комичната борба против Конор Мекгрегор кога ја прослави својата 50-та победа во кариерата.

Мејведер одлучи голем дел од заработената сума да потроши на огромна вила во Лос Анџелес. За новиот имот кој се наоѓа на Беверли Хилс, Флојд плати повеќе од 25 милиони долари, а само мебелот чини повеќе од половина милион долари.

Славниот бокер моментно живее во Лас Вегас, на имот вреден осум милиони долари, но со оглед на тоа дека издвоил огромна сума на пари за новата вила, веројатно ќе се се пресели во Лос Анџелес.