Матиќ и Ибрахимовиќ си (до)кажаа кој е „сељак“, па завршија со – ајварот од Македонија! (ФОТО)

Поранешните соиграчи од Манчестер јунајтед, Немања Матиќ и Златан Ибрахимовиќ се „поткачија“ во коментари, откако шведската суперѕвезда објави видео од соблекувалната како пее хит на Халид Бешлиќ.

Матиќ по објавата на Ибрахимовиќ, му напиша дека е „сељак“, а покус не остана Златан за да му одговори: „Мајсторе, ти си оригинал сељак“.

И на крај, Матиќ го повика Ибрахимовиќ да му се придружи на – ајвар од Македонија. Штотуку му стигнал.