Масовна тепачка во Србија: Не им ја даде топката, па почнаа да летаат боксови (ВИДЕО)

На меч од Првата лига во Србија во рамки на 11. коло се сретнаа Колубара од Лазаревац и ИМТ, а резултатот беше 2-2. Сепак, во центар на внимание е масовната тепачка која се случи за време на дуелот.

По головите на двете екипи се случи физичка пресметка кога еден фудбалер на ИМТ по голот на својот тим не сакаше да им ја даде топката на домаќините.

Тие се обидоа да му ја одземат и веднаш почнаа да летаат боксови, а кога се смири ситуацијата, главниот судија им покажа црвени картони, по што продолжи мечот.