Маркос Алонсо не ги познава сообраќајните правила (ФОТО)

Маркос Алонсо има неколку грижи, првата е неговата лоша форма која придонесува за катастрофалните резултати на Челси, а втората е неговото непознавање на сообраќајните знаци. 

Фудбалерот на Челси, минатата недела се паркирал на тротоар на место  обележано со жолти линии, во Англија тоа значи дека е забрането паркирање на тој дел. Покрај тоа, Алонсо ја оставил колата во правец на еднонасочна улица, дури и тргнал во спротивен правец.


Невниманието на Алонсо ќе му донесе казна од околу 60 фунти, што претставува „смешна“ сума ако се знае дека просечниот модел на неговиот автомобил „Порше Кајен“ изнесува 60 000 фунти.

На Шпанецот ова не му е прво лошо искуство во сообраќајот, тој во 2012 бил и уапсен поради предизвикување на сообраќајна несреќа во својата земја.