Маркизио по хорор-грабежот: Тој страв не се опишува, среќа што децата не беа дома!

Долгогодишната икона на италијански Јувентус, Клаудио Маркизио пред неколку недели преживеа хорор-грабеж, откако во неговата куќа му упаднаа маскирани и наоружани крадци, па првпат фудбалерот кој летоска замина во пензија проговори за стравот што го преживеа тој ден во семејната куќа.

Неколкумина наоружани крадци упаднале во куќата додека Маркизио и неговата сопруга биле во неа, па практично додека ги ограбувале, истовремено ги држеле и на нишан, подготвени и да пукаат, ако фудбалерот не седи мирен.

„Ме прашуваа 'милион' прашања, дали сум уплашен, што и да е...А, јас не ни можам да го опишам то страв. И единствено што мислев беше: 'добро е што децата не се дома'. Беше толку чудно, толку тежок ден и период, како за мене, така и за сопругата. Кога ќе се најдете во таква ситуација, многу работи молневито ви минуваат низ глава. Дури и самите не може да поверувате што сè може да ви дојде на памет. Полицијата работи на случајот“, рекол Маркизио за „Калчомеркато“.