Марадона се струполи на земја по промашена шанса на неговата екипа (ВИДЕО)

Гимназија, чиј тренер е легендарниот Диего Марадона, конечно ги израдува своите навивачи со победата портив Центар Кордоба со 2-1 и сега се наоѓа на 21. место со 14 освоени бодови.

Марадона го водеше мечот со многу нервоза, а по една пропуштена шанса тој се струполи на земја. Сепак, на крајот имаше причини за задоволство.