Марадона се расплака како мало дете по победата против Кордоба (ВИДЕО)

Диего Марадона ја предводеше Гимназија до првата победа како тренер на домашен терен и тоа против Сентрал Кордоба со 2-1, а емоциите го совладаа по мечот.

Марадона не можеше да ги задржи солзите затоа што е свесен колку беше важна победата бидејќи се бори за опстанок во аргентинската лига.