Манчестер јунајтед влезе во светот на модата (ВИДЕО)

Англискиот великан Манчестер јунајтед стана првиот клуб кој официјално влезе во светот на модата, откако „црвените ѓаволи“ пуштија навивачка колекција, која е креирана од американскиот бренд „Тру релиџн“, кој се прослави поради високо квалитетниот тексас.

Во колекцијата на Мен-ју за навивачите се продаваат панталони, јакна и маички, а покрај колекција за возрасни има и колекција за деца. Инаку, новата колекција ја промовираа најголемите ѕвезди на клубот како модели – Пол Погба, Ентони Мартиал, Давид Де Хеа...

Официјално новата колекција излегува во официјална продажба на 26 октомври во сите официјални продавници на Манчестер јунајтед и на брендот „Тру релиџн“.