Мамаев е ѕвезда во затвор - постигна атрактивен гол со „ножички“ (ВИДЕО)

Затворот во Москва на „Денот на вљубените“ организираше фудбалски натпревар меѓу затворениците и чуварите, а главна ѕвезда беше поранешниот руски репрезентативец Павел Мамаев.

Мамаев со соиграчот од националниот тим Александар Кокорин во еден затвор претепа државен функционер вработен во Министерство, поради што двајцата беа затворени.

Инцидентот се случи на почетокот на октомври минатата година, а двајцата фудбалери од тогаш се во притвор, кој неодамна им беше продолжен до април.

Во меѓувреме, тие двајца ги покажаа своите фудбалски способности, а Мамаев успеа да постигне атрактивен погодок со „ножички“ и потоа го посвети на својата сопруга.