Лукаку се огласи по скандалот „Блек фрајдеј“: Вие новинарите - ги охрабрувате расистите! (ФОТО)

Спортската јавност утрово беше во шок откако „Кориере дело Спорт“ го објави новиот број на својот весник.

Истакнатиот италијански весник ја посвети насловната на дербито помеѓу Интер и Рома со шокантен и расистички наслов „Блек фрајдеј“ затоа што на фотографијата ги стави Ромелу Лукаку и Крис Смилинг.

Иако уредникот весникот, Иван Зазарони, се обиде да објасни зошто таков наслов е објавен во јавноста, се чини дека тоа не му успеа. Поради оваа глупост, сите вработени во „Кориере дело Спорт“ беа остро критикувани од страна на јавноста, а сега се огласи и Ромелу Лукаку.

Наместо да се фокусираме на дуелот меѓу овие клубови, „Кориере дело Спорт“ излезе со најглупавиот наслов што некогаш сум го видел во мојата кариера. Овие новинари ги охрабруваат сите што се расистички настроени. Наместо да зборуваат за убавиот меч кој нè чека утре, сега зборуваме за ова. Образованието е клучно. Вие во „Кориере дело Спорт“ мора да си ја работите подобро работата. Благодарност до сите навивачи и останатите новинари кои не поддржаа. Со нетрпение го очекувам утрешниот натпревар. Форца Интер, истакна Лукаку.