Лудница во Далас: Дончиќ и Марјановиќ ги учеа соиграчите како се игра – српско коло (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас маверикс од просторот на поранешна СФР Југославија, Лука Дончиќ и Бобан Марјановиќ, направија лудница на загревањето пред синоќешниот меч против Бостон селтикс.

Во еден момент, Словенецот и Србинот се фатија под рака и заиграа српско коло на теренот, додека љубопитните американски соиграчи внимателно ги следеа, па дури и се обидоа да ги имитираат во движењата.

„Опаа! Само се забавуваме како и секогаш“, напиша Марјановиќ на социјалните мрежи.

Меѓу првите што им се приклучи беше Дорјан Фини-Смит, сакајќи да ги научи чекорите.