Лудница: Ги извлекоа како слободни, славеа чиниш титула освоиле (ВИДЕО)

Фудбалерите на Чичестер ќе играат во второто коло од англискиот ФА Куп, бидејќи беа извлечени како единствена екипа без противник за време на ждрепката во првото коло.

Исходот од ждрепката беше проследен со невидено славење на фудбалерите и стручниот штаб на англискиот нисколигаш, а како и не би, ако се има во предвид дека со самиот пламсн во 2. коло инкасираа 36.000 фунти, што е солидна цифра за нивните услови.

Сакаме да бидеме слободни! Веројатноста за тоа да се случи беше 80 спрема 1, но токму тоа се случи. Сега кога треба да не извлечат во второто коло, нека биде некој голем клуб, изјави тренерот на Чичестер, Мајлс Радерфорд. пред ждрепката за второто коло.