Лудило во Бразил: Навивач со кацига удри фудбалер поради пораз на неговиот тим (ВИДЕО)

Бразилските хулигани откако се отворија стадионите после корона-кризата не мируваат, па многу често предизвикуваат големи инциденти, дали на стадион или надвор од него, а последно во низата лудила во најфудбалската земја е во Форталеза.

Неодамна хулигани на Ботафого упаднаа во тренинг-центарот на клубот додека фудбалерите имаа масажи и релаксација, за вербално да ги нападнат, па едвај ситуацијата беше смирена да не се случи и физички напад. Сега, во Форталеза навивач со кацига удри фудбалер откако овој клуб загуби со 2-3 од Аваи.

Лутите навивачи организираа жежок пречек за фудбалерите, со цел да им „објаснат некои работи“, ама брзо ситуацијата излезе од контрола во тоа објаснување. За среќа Робсон успеа со раце да го ублажи ударот, хулиганот од втора го промаши, па обезбедувањето брзо изгреагира за да нѐ се случи уште поголем хаос.