Лудаци: Во Никарагва се игра фудбал, а сите по топката трчаат со маски и ракавици (ФОТО)

Ширум светот ситуацијата со коронавирусот е алармантна, па речиси сите спортските настани беа прекинати, но има неколку држави во кои се игра фудбал и покрај опасниот вирус.

Никарагва е една од земјите во кои има само четири лица заразени со Ковид-19, па фудбалското првенство се одвива без проблеми, иако некои фудбалери не се среќни поради тоа.

Пред четири дена на мечот меѓу Дирианген и Депортиво беше забележана несекојдневна ситуација. Фудбалерите на теренот излегоа со „дополнителна“ опрема, која беше составена од маски и ракавици.

Тие се пожалија дека така не може да се игра затоа што температурата била над 30 степени, но морале да ја почитуваат одлуката на фудбалскиот Сојуз и да го завршат мечот.

На навивачите и понатаму им е дозволено да присуствуваат на натпреварите, иако немало многу присутни и исто така дуелот бил емитуван на Јутјуб канал.