Љубителка на снукерот „влета на терен“ - О'Саливен ѝ даде да ја внесе црната! (ВИДЕО)

Рони О'Саливен, еден од најдобрите снукер играчи на сите времиња, повторно беше во центарот на вниманието во текот на Отвореното првенство на Англија во Барнсли.

Една госпоѓа, во текот на неговиот натпревар против Жанг Јонг во третата рунда, успеа да стигне до масата и почна да трча, а потоа Англичанецот ѝ го даде стапот за да ја внесе црната и да ја заврши рундата.

„Навистина сакав да ја погоди. Не знаев што да правам на почетокот кога ми кажа дека сака само да џогира. Ѝ кажав: Тогаш продолжи, а по џогирањето можеш да одиграш еден потег кога си веќе тука“. Мислев дека момците од обезбедувањето ќе ѝ се нафрлат на неа со рагби старт, но ќе ја убиеја да беше така. Ја сочував од таков рагби дуел“, изјави Англичанецот.

О'Саливен го победи Кинезот со 4-1 и обезбеди дуел со Џон Хигинс, кого подоцна го совлада со 4-3.