Линекер со урнебесна реакција на веста дека Ибрахимовиќ е позитивен на Ковид-19

Гери Линекер своевремено важеше за еден од најдобрите фудбалери во Европа, но потоа подеднакво добро се снајде и пред малите екрани како новинар. Во последните години Англичанецот покажува дека е крал на социјалните мрежи. 

Денеска се огласи на „Твитер“, откако дозна дека Златан Ибрахимовиќ е позитивен на Ковид-19 со урнебесен пост.

„По веста дека Златан Ибрахимовиќ е позитивен на Ковид-19. Моите мисли се со вирусот во овие тешки времиња“, напиша Линекер и ја изнасмеа јавноста.