Легендата Асприлја имал 3,5 милиони кондоми и се понуди да помогне во кризното време

Колумбиската легенда Фаустино Асприлја се понуди да помогне откако беше објавено дека низ светот има недостаток на кондоми, па сензационално откри дека чува 3,5 милиони за „итни случаи“.

Не е ни чудо што Асприлја има толкав број на кондоми, зашто откако ја заврши кариерата во 2004 година се посвети на бизнис со кондоми и многу брзо го разработи бизнисот. Сега Колумбиецот се понуди да помогне за сите што сакаат безбеден секс во ек на пандемијата со коронавирусот.

Недостатокот на кондоми низ светот тргна со пандемијата, па најголемите произведувачи ги намалија капацитетите на производство за 50 отсто, а некои компании практично ја прекинаа работата, а да е проблемот уште поголем, дел е заглавен во магацините, зашто нема начин со откажаните летови да бидат испорачани пратки за многу земји.