Легендарниот Тјери Анри започнува холивудска кариера

Поранешниот француски фудбалер, а сега тренер на Монтреал, Тјери Анри ќе се испроба во Холивуд. Тој ќе се појави кратко во нова тв-серија „Day 1's“, која ќе обработува фудбалска тематика. 

Анри ќе биде дел и од продуцентскиот тим, а серијата ќе биде креирана од познатиот режисер, продуцент и сценарист Метју Вон. Тој за прв пат започнува проект за малите екрани, а како дел од продуцентската екипа ќе биде и Даг Елин, кој исто така е наградуван продуцент од тв-екраните.

Серијата ќе биде за млад фудбалер и неговите блиски соработници. Патот од ниските лики до славата и сé она што носи животот на еден фудбалер. Моментално во тек е кастингот за актерите, а серијата треба да почне да се снима во 2021 година.