Легендарниот напаѓач на Интер го остави фудбалот и сега е - диџеј! (ФОТО+ВИДЕО)

Еден од поранешните најдобри напаѓачи Кристијан Виери го напушти фудбалот и денеска се занимава со друга професија.

Виери, кој најславните денови од кариерата ги помина во Интер, сега работи како диџеј и има настапи во Европа и во САД.

„Мојот пријател Андреа, кој работеше по ноќни клубови во Италија имаше желба секогаш да настапувам како диџеј. Јас постојано одбивав, зашто имав чувство дека не е вистинскиот момент, но минатото лето разговаравме и почнавме да се занимаваме со тоа“, кажа Виери.