
Легендарниот Леман ќе плати 420.000 евра откако упадна кај сосед со - моторна пила!
Леман се скарал со соседот за гаражата, која му пречела во погледот кон езерото, а откако не успале да се разберат на цивилизиран начин, екс-голманот на Арсенал земал моторна пила и му го оштетил имотот.
Бившиот чувар на мрежата на Германија призна дека влегол во гаражата на соседот со моторна пила, но дека не може да се сети на останатите детали од инцидентот.