Легендарен фудбалер на Ливерпул ја изневерил сопругата со ѕвезда на реално шоу (ФОТО)

Во тек е Европското првенство (ЕП) на кое во завршна фаза е групната фаза, а додека Англија се обидува да стигне до финишот на турнирот, во медиумите се најде еден поранешен репрезентативец Мајкл Овен.

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, кој настапи на неколку првенства со Англија, откри дека го фатиле додека ја изневерува сопругата со Ребека Џејн, која во минатото учествувала во реално шоу и со која разменувал безобразни пораки.

Овен ја заследил Ребека уште во март, а таа неодамна откри сочни детали од нивните пораки, односно кажа дека тие разменувале разголени фотографии.

„Сега кога мојата желба да се разделам со сопругата во 2014 година конечно помина, сигурен сум дека сите кои ме познаваат ќе кажат дека сум различна личност“, вели Овен.