Еден од најдобрите кошаркари Леброн Џејмс пред две години дојде во Лос Анџелес, откако потпиша за еден од најкултните клубови во НБА, Лејкерс и годинава после цела една деценија ја врати шампионската титула во „градот на ангелите“.

Одамна е познато дека Леброн е еден од најбогатите спортисти има џиновски договори, уште поголеми спонзорски договори, па на неговата сметка има стотици милиони долари и откако по доаѓањето во Лос Анџелес купи два имоти за 45 милиони „зелени банкноти“, сега после титулата се почестил со куќа од – 37 милиони.

Оваа куќа се протега на 10.000 квадратни метри, во неа живееле низа познати имиња, а сега ја купил Леброн.