Кутињо решил да прошета низ Барселона, па остана без – автомобилот (ФОТО)

Најскапото зимско засилување Фелипе Кутињо нема право да игра за Барселона во Лигата на шампионите, затоа што играше во елитата во дресот на Ливерпул, па додека соиграчите коваат тактика како да го освојат „Стемфорд бриџ“, Бразилецот реши слободното време да го искористи за – да го запознае градот.

Излезe Кутињо во прошетка со семејството во посета на најзначајните знаменитости на градот, но првата турка и обиколка му предизвика – голем шок. Откако прошетал, Кутињо на враќање останал без автомобилот. Првично се шокирал мислејќи дека некој му го украл, но подоцна дознал дека бил непрописно паркиран и дека пајак му го однел автомобилот и поради тоа ќе треба да си плати казна.

Интересно каталонскиот спортски весник „Спорт“ објави слика како пајак-службата го одвезува автомобилот на Кутињо од местото каде Бразилецот бил непрописно паркиран.