Крвав инцидент во Билбао - навивачите на Марсеј бодеа редари на стадион! (ВИДЕО)

Навивачите на Олимпик од Марсеј правеа вистински нереди пред и за време на натпреварот од Лигата на Европа против Атлетик во Билбао.

Од локалната болница потврдија дека двајца редари од стадионот „Сан Мамеш“ се примени со убодни рани, еден 57-годишен маж со рана на вратот и едно младо момче со рана на раката.

Навивачите ги нападнале редарите пред почетокот на натпреварот, а со нередите продолжиле и за време на натпреварот.

Од горната трибина, на која беа сместени, фрлаа со пиротехнички средства, а со една бакља повредиле девојче.

Тогаш полицијата се пушти во акција да ги смири гостинските хулигани и настана хаос на трибините.

Ова не е првпат во Билбао да се случуваат големи навивачи нереди. Во февруари имаше инциденти кога гостуваше московски Спартак.