Кристијано Роналдо постави уште еден неверојатен рекорд (ФОТО)

Кристијано Роналдо со секој нов натпревар на фудбалскиот терен поставува нови граници и руши нови рекорди кои тешко ќе бидат достигнати во скоро време. 

Португалецот сега постави и нов рекорд надвор од фудбалските терени, односно на социјалните мрежи. Тој е првата личност во историјата со преку 300 милиони следбеници на „Инстаграм“ или поточно 301 милион.

Тој е неприкосновен крал на социјалните мрежи преку кои исто така заработува огромно богатство. Најблизу до Роналдо на „Инстаграм“ е холивудскиот актер „Д Рок“ со 246 милиони следбеници, потоа тука е пејачката Аријана Гранде со 244 милиони. Следен спортист на листата од ТОП 10 најследени личности е Лионел Меси, кој е на седмото место со 218 милиони.