Косовец им даде гол на Тричко и Мојсов и се фрли во „провалија“! (ВИДЕО)

Цирих славеше со 1-0 на гостувањето кај АЕК Ларнака во Лигата на Европа. Стрелец на голот беше Бенџамин Колољи од пенал, но веројатно нема по добро да се сеќава на овој натпревар. 

Интернационалецот од Косово во сета радост откако реализираше од белата точка истрча кон навивачите за да прослави. Арно ама Колољи не знаеше дека теренот и трибините на „ГСП Арената“ во Никозија се одвоени со тунел и падна во провалија.

За АЕК Ларнака играат двајца македонски интернационалци Иван Тричковски и Даниел Мојсов.