„Конзервите со боја може да ги ставите во шкафот со трофеи“ (ФОТО)

Познатата компанија за бои „Дулукс“ стана спонзор на Тотнем, но првиот ден од соработката не помина баш најдобро.

Дел од навивачите на лондонскиот тим се разочарани поради тоа што Тотнем нема освоено трофеј долго време, па се пошегуваа дека нивниот нов спонзор може да ги складира конзервите со боја на место каде што треба да бидат сместени трофеите.

Тоа не беше единствена шега на сметка на компанијата, зашто еден навивач предложи маскотата на фирмата да заигра како стопер во тимот.