Контроверзниот Арнаутовиќ има нов бизнис – продава џин со неговото име!

Австрискиот репрезентативец со српско потекло Марко Арнаутовиќ започна свој бизнис и тоа со производство на алкохол, во случајот џин.

Србинот, кој замина од Вест Хем во Кина, а е познат по многу контроверзни испади, сега произведува „Арнаутовиќ џин“ и тој ќе биде достапен во сите ноќни клубови и барови прво низ Австрија, а потоа и низ светот.

„Со гордост ви го претставувам Арнаутовиќ џин“. Врвен џин, направен во Австрија“, објави фудбалерот.

Тој веќе го промовираше својот бизнис преку Инстаграм-профилот. Моментно е член на Шангај СИПГ, а освен за Вест Хем играше и за Интер, Твенте, Вердер и Стоук.