Австралијан опен годинава ќе биде различен од претходно затоа што турнирот се одржува под строги правила и карантин, а тенисерите не можат да го напуштат својот хотел, освен кога се на тренинг.

Меѓутоа, контроверзниот тенисер Бернард Томиќ повторно најде начин како да направи проблем. Тој реши со себе во карантин да си ја земе неговата девојка, која воедно е актерка во порно филмовите, Ванеса Сиера.