Конечно ќе „скокне во тавче“: Девојката на Роналдо се пофали со ОГРОМЕН свршенички прстен! (ФОТО)

Георгина Родригез, девојката на Кристијано Роналдо, денеска се пофали со огромен дијамантски прстен кој го обелодени во Москва, за време на Мундијалот.

Таа го бодреше својот сакан на дуелот против Мароко и токму Роналдо го реши тој натпревар со еден гол кој ѝ ја донесе првата победа на Португалија по ремито со Шпанија.

Георгина е родена во Аргентина и израсната во Шпанија, но и покрај тоа таа денес носеше дрес на Португалија, секако поради Роналдо, а се најде во центарот на вниманието и поради огромниот свршенички прстен на нејзината рака.

Со ова само дополнително се подгреаја шпекулациите дека наскоро треба да очекуваме нивна свршувачка, а потоа и свадба на славниот пар, кој веќе има една ќерка.