Комити го подготвуваат најголемото пиротехничко шоу во историјата на Македонија! (ФОТО)

Вардаровите навивачи, популарните Комити, в недела, на дуелот со Пелитер, го одбележуваат 30-иот роденден од формирањето на групата, а ќе ја слават и 70-годишнината од формирањето на македонскиот фудбалски шампион.

Поради оваа прослава, црвено-црните фанатици имаа разноразни главоболки минатите неколку дена поради одредувањето на терминот за одигрување на македонското „Ел класико“, но сега откако дефинитивно тоа се игра од 18 часот, почнаа подготовките за најголемата фешта. Така, комитите се пофалија со досега невиден пиротехнички арсенал, кој ќе биде запален на дуелот со вечниот ривал. Неофицијално, за мечот со Пелистер спремни се околу 500 факели, 200 стробови и десетици димни бомби. 

Сето ова ветува дека атмосферата ќе биде досега невидена во Македонија, што треба да биде покана за сите љубители на фудбалот да дојдат на „Филип Втори“ да бидат сведоци на оваа атмосфера, но и на случувањата на теренот, зашто Вардар и Пелистер секогаш играле неизвесни дуели, без разлика на квалитетот на екипите и моменталниот пласман на табелата.