Коментаторот од Алжир збесна на голот вреден титула (ВИДЕО)

Алжир е новиот африкански шампион после речиси три децении, по синоќешната победа со гол уште во втората минута во финалето против Сенегал, иако тоа беше единствениот нивни шут и обид да го загрозат голот на противникот.

И хит на социјалните мрежи е коментаторот на стадионот на Африканскиот куп на нации, кој на нозе стоеше, радувајќи се на голот и урлајќи за погодокот, кој на крајот се покажа и како клучен момент за шампионската круна.