Коментаторот на Бока полуде од радост и ги искина гласните жици, а за минута – замолче (ВИДЕО)

Бока јуниорс и Ривер плејт ремизираа синоќа 2-2 во првиот финален меч од Купа Либертадорес и прашањето за новиот јужноамерикански првак го оставија да се решава на 24 ноември на „Монументал“.

Дека Аргентинците се тотално луди за фудбал, особено кога на програмата е Суперкласико е познато одамна. Навивачите збеснуваат, атмосферата е невидена, ама и коментаторите, секој на своја страна, го доживува целиот спектакл на свој начин, секој за клубот за кој навива.

Така коментаторот на Бока во првиот дел, кога за 60 секунди паднаа два гола имаше „ролеркостер“ на емоции. Прво збесна од радост кога Бока поведе, една минута се дереше за голот и кога Ривер тргна во следниот напад и постигна погодок едноставно – замолкна. Не можеше ништо да каже, додека црвено-белите се радуваа на „Бомбоњера“.